Започна вториот циклус на обуки за фармери.
Уште една успешна иницијатива за одржливо земјоделство во Македонија како дел од Проектот „Управување со сливот на реката Струмица“.
Преку негување на одржливи земјоделски практики кои вклучуваат намалена употреба на пестициди и ѓубрива, како и примена на поефикасни технологии за наводнување, експертскиот тим заедно со фармерите ќе влијаат не само на зачувување на природниот еколошки баланс на реката Струмица, туку и на подобрување на квалитетот на земјоделските производи.
Проектот е дел од Програмата за развој на Обединетите нации, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а преку техничката поддршка од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал проектот успешно продолжува со воведување на одржливи земјоделски практики во сливот на реката Струмица и ќе продолжи со своите активности во наредниот период.
#Water4Life