Вчера во Свечената Сала во Владата на Република Македонија за прв пат Владата на Република Македонија и бизнис заедницата потпишаа Меморандум за формално воспоставување на јавно приватен дијалог.
Меморандумот за соработка претставува голем чекор во процесот на градење стабилна и плодна соработка помеѓу Владата на Република Македонија и бизнис заедницата како и зајакнување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор.
Bоведни обраќања имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалес, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и директорот на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, Љубомир Димовски.