Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум во Велес на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој во агро-бизнис секторот“.
Во фокус на дискусиите беа законската регулатива, програмите за поддршка, обемот и квалитетот на потребните советодавни услуги, како и финансиите и светските трендови како основа за зголемување на инвестициите со фокус на агро-бизнис секторот.
Една од клучните цели на проектот е да се зајакнат односите помеѓу приватниот и јавниот сектор и да се овозможи ефективен и организиран начин на адресирање на сите овиe прашања, на начин којшто ќе овоможи соодветни и ефикасни решенија.
Претставници од Владата на Република Македонија, Агенција за храна и ветеринарство, Платежна агенција, домашни и странски експерти, професори и истакнати стопанственици дискутираа за можностите за зголемување на инвестициите на компаниите во Република Македонија, неопходни за раст и севкупен економски развој.
Заедно со присутните, учесниците на форумот преку интерактивна дискусија ќе се формират заклучоци за надминување на постојните бариери во процесот на инвестициите и подобрување на деловната клима за водење бизнис.
Форумот е во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) во рамки на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива кој што го имплементира ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со ССК, Стопанската комора на Македонија, Стопанска комoра на северозападна Македонија и МАСИТ.