Трговски водич за Прекугранична Соработка во Преспанско- Охридскиот Регион

Project Description

Преспанско-Охридскиот регион е недоволно индустријализиран бидејќи мали претпријатија доминираат во локалните економии. Регионот страда од деиндустријализација и истовремено губиток на можности за вработување. Според тоа, повеќето чинители во Преспанско-Охртиодскиот Еврорегион гледаат на прекуграничниот бизнис како  најважен чинител на регионалниот развиток и според тоа го сметаат за интегрална компонента на функционална прекугранична соработка.  Затоа,. EWI ја ангажираше Епи Центар како консултантска компанија да изврши анализа на граничните тарифи и регулативи заедно со идентификување на активностите потребни за поддршка на екононскиот развој и прекугранична трговија како и анализа на политиките кои би биле претставени на национално и регионално ниво како дел од Преспанско-Охридскиот Еврорегион и работата на EWI -  Европскиот Западен Институт во промовирање на регионалните политики.

Резултатите од поставената задача требаше да ги подржат тековните активности за поттикнување и подржување на развојот на прекугранична трговија и со тоа екононски развој на Преспанско-Охридскиот  Еврорегион преку:

  • Издавање на едноставен “Трговски водич за инвестироти“ за тарифните и царинските регулативи во граничниот регион и други релевантни информации за инвеститорите во регионот на детален и разбирлив начин.
  • Припремање на истражување за политиките и препораки за превземање мерки за поддршка и поттикнување на прекугранична трговија во граничниот регион, како и формулирање на кус извештај во прва фаза за дискусија.
  • Составување на опсежен и организиран пакет од материјали и информации добиени од истражувањето за кусиот нацрт-извештај за политиките.
  • Презентирање на истражувањето и неговите наоди/заклучоци/препораки на еден од трите средби на EWI .

Прирачникот “Трговски водич за прекугранична соработка во Преспанско-Охридскиот регион беше објавен на англиски, македонски, албански и грчки јазик.

Вклучени експерти:

  • 3 постари експерти
  • 2 помлади експерти
  • 1 правен експерт

Project Details

  • Правни Услуги
  • East West Institute
  • 22-01-2008
© Copyright Auston, All Rights Reserved. Designed by EPI CENTAR International

Please publish modules in offcanvas position.