Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објави дека рокот за пријавување по Огласот за учество на обука и распределба на грантови за воведување на агроеколошки мерки во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“ е продолжен.
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 20 мај 2019 година.
Вредноста на секој грант ќе биде до 300.000 денари, средства наменети за набавки на опрема и материјали потребни за примена на предвидените агроеколошки мерки.
Целосниот текст на огласот во кој се наведени и критериумите за избор на кандидатите може да го симнете од следниов линк: ОГЛАС
Пријави:
Пријава за овоштари – за сите 6 општини
Пријава за градинари – за сите 6 општини
Проектот за управување со сливот на река Струмица го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточнио плански регион, општините од сливот и други релевантни институции.