Во тек се последните подготовки за одржување на дводневната конференција „Партнерство и градење на капацитети, пат до одржлив развој“ во организација на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал од Скопје и Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион.
Конференцијата ќе се одржи на 11 и 12 април 2019 година во хотел Русија во Скопје. Целта на работилницата е собирање на членовите на мрежите на градовите и општините од Јабланичкиот и Пчињскиот регион од Србија и општините од северозападниот регион на Северна Македонија и регионот на Скопје.
Посакувани ефекти се вмрежување на пограничните општини од двете земји за заедничко пишување на предлог-проекти и искористување на средства од достапните програми за поддршка на ЕУ.
Настанот е продолжение на работилниците кои се одржаа во октомври минатата година, па ви пренесуваме дел од атмосферата на претходните средби.