Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион во соработка со 12 општини од Јабланичкиот и Пчињскиот регион го имплементира проектот „Партнерство и изградба на капацитети, пат до одржлив развој“ кој го кофинансира Развојната агенција на Србија (РАС) во рамки на Програмата за унапредување на соработката и подигање на капацитетите на регионално и локално ниво.
Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот ќе одржи меѓународна рaботилница за идентификација и подготовка на заеднички концепт проекти за пристап кон развојните средства на ЕУ која ќе се одржи на 11 и 12 април 2019 година во хотел Русија во Скопје.
Целта на работилницата е собирање на членовите на мрежите на градовите и општините од Јабланичкиот и Пчињскиот регион од Србија и општините од северозападниот регион на Северна Македонија и регионот на Скопје, како и идентификација и подготовка на заеднички концепт проекти за пристап кон развојните средства на ЕУ.
Во првиот ден ќе се одржи презентација на теми како развојни програми на ЕУ меѓу кои се програми на ИПА за преку гранична соработка, „Европа за граѓаните“, „Креативна Европа“, Вработување и социјални иновации и други.
На вториот ден од меѓународната работилница ќе се работи и во групи со цел изработка на заеднички концепт проекти и нивно презентирање.