Учествувавме на настанот „Европски ден на претприемачот“ организиран од страна на European Business Association, кој се одржа на 14.11. во Јавна соба. На настанот беше промовиран проектот EMPLOYOUTH од Interreg програмата за прекугранична соработка со Грција за креирање можности за вработување на млади луѓе од двете земји.
Презентации беа одржани на повеќе актуелни теми поврзани со претприемништво:
- Создавање на претприемнички дух
- Унапредување на соработката помеѓу македонските и странските компании
- Едукација за еко-иновација
- Основање и водење на сопствена компанија
- Потенцијалот кој универзитетските акцелератори го нудат за отпочнување на сопствен бизнис
Своето долгогодишно искуство го пренесоа говорниците:
Ѓорѓи Дамјановски - сериски претприемач
Филип Спасовски - Полиестердеј
Патрик Мартенс - Делегација на германското стопанство во Македонија
Проф.Др. Филип Ивановски - Пакомак
Оливера Гроздановска - Чакмакова Адвокати
Абдулезел Догани - Везе Шари&Лекер
Георги Тренкоски - Теламон Корпорација тбц
Лидија Ангелкова - ПРЕДА Плус